Нашата посветеност кон вашето здравје

Дознајте повеќе за нашиот пристап, вредности и тимот посветен на вашето опоравување.

Нашата мисија

„Здравјето како загарантирано право на секој поединец.“

Нашата приказна

Фит Фемили Центар е создаден од потреба – ПОТРЕБА пациентите да добијат јасен план, реална надеж и мерлив напредок. Центарот е започнат со работа 2019 година како визија на Рита Синани Халими место каде физикалната медицина не е само апаратска терапија, туку структуриран процес на враќање на функцијата, силата и самодовербата.

Денес, Фит Фемили Центар е прераснат во реномиран центар за физикална медицина и рехабилитација место за посттрауматска и постоперативна рехабилитација поддршка за хронични болни состојби партнер на спортисти, рекреативци и активни луѓе.

Стручни консултации

Рехабилитација

Постоперативна рехабилитација

Помагаме да ја вратите силата и подвижноста по операција со персонализиран план за опоравување.

Физиотерапија

Третман на повреди

Стручна физиотерапија за намалување на болка и подобрување на подвижноста.

Спа за бебиња

Нежен почеток за најмалите

Безбедна и смирувачка средина за релаксација и здрав развој од најрана возраст.

Нашиот тим

Во центарот работи мултидисциплинарен тим составен од

Физијатар – специјалист по физикална медицина и рехабилитација

Висококфалификувани Физиотерапевти - со искуство во ортопедска, невролошка и спортска рехабилитација

Стручни Рехабилитатори – фокусирани на функционално зајакнување и правилно движење.

Зошто да нè изберете нас?

Персонализирана грижа

Стручни терапевти

Современи методи

Стручни консултации

Целта ни е подобрување на психо-физичкото здравје, намалување на болката и подобрување на квалитетот на живот на пациентот.

Искуства од нашите пациенти

"Топло ја препорачувам оваа клиника"

На почеток бев скептична, но после првиот третман видов разлика. Бебето е многу помирно и спие подобро. Атмосферата е толку смирувачка што и јас се релаксирам додека сме таму.

- Марија М.

"Искуство што ми го промени животот"

Ми беше страв дали ќе се опоравам целосно, но добив поддршка на секој чекор. Секој третман беше објаснет и прилагоден. Денес се движам многу полесно и без страв.

- Весна Н.

"Навистина грижлив тим"

Она што најмногу ми се допадна е вниманието. Не си само уште еден клиент — навистина се грижат. Професионалноста и пристапот се на високо ниво.

- Валон С.

Сеуште не сте сигурни?

Најчесто поставувани прашања

Како да знам кој третман е соодветен за мене?

На првата консултација, нашиот стручен тим ја проценува вашата состојба, симптомите и целите, по што се креира индивидуален план за третман.

Колку третмани ќе ми бидат потребни?

Бројот на третмани зависи од вашата состојба, времетраењето на симптомите и целите на терапијата. Планот се прилагодува индивидуално и се следи вашиот напредок.

Дали физиотерапијата може да помогне при болки во грбот, вратот или зглобовите?

Да, физиотерапијата може да се користи за намалување на болката, подобрување на подвижноста и враќање на нормалната функција. Најсоодветниот пристап се одредува по проценка од терапевт.

Дали третирате спортски повреди?

Да. Работиме со различни видови повреди и помагаме во намалување на болката, враќање на подвижноста и постепено враќање кон секојдневните и спортските активности.

Дали третманите се исти за секој пациент?

Не. Секој пациент добива персонализиран пристап според состојбата, симптомите, возраста и целите на терапијата.

Подготвени сте да се чувствувате подобро?

Од понеделник до сабота, нашиот тим е тука да ви обезбеди персонализиран третман и континуирана поддршка за да закрепнете и да ги постигнете вашите цели.

Следете нé

Copyright 2026. Fit Family Center. All Rights Reserved.